
За време на новогодишните попусти Picasso Dental & Medika ви нуди големи попусти.
Закажете си термин50% попуст на дигитална панорамска снимка во Picasso Dental Studio. Промотивна цена 400 денари.
Закажете си терминOpalescence избелување на заби. Промотивна цена на целиот пакет 2500 ден.
Закажете си терминКористиме најсовремени, врвни и безболни технологии за да ја вратиме вашата насмевка.
Picasso Dental & Medika се грижи за своите пациенти 24/7.
Mauris rhoncus pretium porttitor. Cras scelerisque commodo odio. Phasellus dolor enim, faucibus egestas scelerisque.
Нашите пациенти секојпат од нашата ординација излегле задоволни од нашата врвна услуга. Дојдете за да се уверите.
Отсега кај нас завршете ги сите потребни работи без притоа да ве препраќаме на други места.
Нашата локација е одлична - до нас можете да стигнете брзо без притоа да талкате и да ја барате ординацијата.
Ние ја користиме најновата технологија која можете да ја сретнетево Македонија и пошироко од германски производители.
Mauris rhoncus pretium porttitor. Cras scelerisque commodo odio. Phasellus dolor enim, faucibus egestas scelerisque.
Избелувањето на забите е процес со кој забите можат да се избелат од 7 до 8 нијанси. Избелувањето, всушност претставува хемиска реакција на оксидација на надворешната површина на забот со користење на препарати на база на водореден пероксид или карбамид пероксид. Постојат 2 начина на избелување на забите - ординациско и домашно избелување. Со ординациското избелување на забите се постигнуваат побрзи резултати, меѓутоа се користат препарати со висока концетрација. Домашното избелување на забите го вршите самите Вие со помош на провидна фолија која се поставува преку забите со помош на препарати со ниска концетрација.
Во внатрешноста на коронката и коренот на забот се наоѓа пулпа (забен нерв) кој може да се воспали при постоење на длабок кариес или повреда на забот. Во таков случај се пристапува кон лекување на каналот на коренот на забот. Наш принцип, е по секоја цена да се обидеме да го зачуваме заболениот заб и избегнеме вадење на истиот. Во Picasoo Dental Studio лекувањето се изведува на современ начин, безболно, со употреба на новите ласерски технологии во една или две сеанси. Користиме дигитални апарати кои ја одредуваат должината на коренот на забот, машинско проширувачи, правејќи ја целокупната процедура побрза и покомфорна.
Имплантот е титаниумски штраф кој се поставува во виличната коска и на тој начин го заменува коренот на забот кој недостасува, а на кој може да се постави вештачки заб. Поставувањето на имплантот се одвива под локална анестезија и трае околу половина час. По период од 3 до 6 месеци по поставувањето на имплантот истиот може да се оптерети, односно да се постави коронка или мост. Научно е докажано дека имплантот успешно се интегрира во 97% од случаите. Ние користиме импланти од реномирани швајцарски и гермаски производители
Композитните или белите пломби се естетски и функционални надокнади со кои се репарираат предните и бочните заби. Повеќе не постои дилемата дали белите пломби се добри за бочните заби, бидејќи амалгамските пломби веќе не се користат. Во процесот на поставување на пломбите користиме најсовремени матрици кои ќе го вратат природниот облик на вашите заби, а истовремено ќе се спречи задржување на храната помеѓу забите. Белите пломби се стврдуваат моментално со користење на LED лампа. При одбирањето на квалитетен композитен материјал покрај големиот број на понудени композити во Picasso Dental Studio се одлучивме за употреба на композити од јапонско и швајцарско производство.
Композитните инлеи се за еден степен поквалитетни од композитните пломби. Разликата е во тоа што не се изработуваат директно во стоматолошка ординација туку во заботехничка лабараторија. Таквиот начин на изработка подразбира попрецизно и естетски поприфатливо решение од стандардното. Забот на кој се изработува композитен инлеј детално се чисти оа кариес и преку него се зема прецизан отпечаток врз основа на кој се изработува полнењето. Изработката на композитни инлеи претставува минимално инвазивна интервенција.
Најдобриот избор кој може да го направите за забите со длабок кариес или големи пломби е изработка на керамички инлеј. На овој начин целокупното полнење на забот е направено од керамика која е многу потведа и поотпорна од композитните пломби. Посебно погодни заби на керамички инлеи се бочните заби на кои е потребно да се постави голема пломба која не е доволна отпорна. Поставувањето на керамички инлеи значително го продолжува векот на забот, а естетски високо задоволува.
Метал-керамички коронки Голема заблуда е дека со поставувањето на коронка на забот истиот се оштетува. Напротив, адекватно направена коронка го заштитува забот под неа. Метал-керамичките коронки се стандард во стоматологијата веќе долг низ на години. Нивна карактеристика е тоа што основата е изработена од метал. Металот во форма на капица која го покрива целокупнот заб е обложена со слој на керамика. Металната капица може да биде изработена од злато, титаниум или друга благородна легура. Метал-керамичките коронки се многу отпорни, долготрајни и со нив може да се постигне висока естетика.




Протезите претставуваат решение за пациентите кои ги имаат изгубено сите заби или поголемиот број. Протезите се мобилни надокнади кои се вадат со цел за подобро одржување на оралната хигиена. Во случај на изработка на тотални протези ќе се потрудиме на оснава на ваши фотографии да ја вратиме старата насмевка на вањето лице. Ако постои потреба за изработка на парцијални протези со помош на посебни копчиња односно атечмени може да се постигне стабилност на протезата.
Ги извршуваме сите видови на орално-хируршки интервенции од екстракција на заби до вградување на импланти. Понекогаш е потребно со помош на мала хируршка интервенција (апикотомија) да се отстрани патолошкиот процес на коренот на забот. Таквиот тип на интервенции, како и хируршкото вадење на забите се извршуваат безболно со апликација на локална анестезија. Во случај да не постои адекватна димензија на коската за вградување на имплант, со помош на подигање на подот на синусот и поставување на вештачка коска може да се обезбедат потребните услови.
Ортодонцијата е уметност и наука која создава нова убава насмевка, преку процес на поставување на забите во правилен забен низ. Последните десетина години многу се популарни фиксните ортодонтски апарати кои овозможуваат и возрасните покрај децата да дојдат до посакувата насмевка
Најдобар заб е потполно здравиот заб и со наша мала помош и превенција вашите заби ќе ги орджуваме во таква состојба. Редовното чистење на забниот камен, пескарење и полирање на забите, како и залевање на фисурите и одржување на здрава гингива се интервенциите кои ги извршуваме на секоја ваша редовна контрола. Ние ќе ве потсетиме за секоја редовна конрола, Ќе се потрудиме да ги мотивираме нашите најмлади пациенти да стекнат навика за одржување на нивните запчиња.
Безметалните коронки кои се изработуваат исклучиво од керамика, последните години стануваат најбарани, затоа што се биокомпатибилни и затоа што со нив се постигнува врвна естетика. Естетиката се постигнува благодарејќи на фактот што е избегнат металниот скелет, со што светлоста се прекршува како кај природните заби. Постојат неколку видови на безметални коронки, а во моментот најпопуларни се циркониумските.За овој вид карактеристичен е начинот на изработка кој се одвива со компјутерско скенирање на моделот и машинска изработка со неверојатна прецизност.
бул. Јане Сандански 107 (позади Веро) Аеродром Скопје
[мапа]
info@picassodental.mk
www.picassodental.mk

